Основниот суд Тетово одлучи дека претседател на Алијанса за Албанците е Зијадин Села и дека Арбен Таравари треба да му ги врати печатите на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зијадин Села е претседател на Алијанса на Албанците, печатите одат кај него, одлучи Судот во Тетово
И двајцата по одлуката на Судот продолжуваат да тврдат дека се претседатели на партијата, а за оваа јавно се расправаат повеќе од една година.
Судот во Тетово по вторпат донесе ваква одлука, а истата беше оспорена пред Апелациониот суд.
И оваа одлука на Судот ќе биде оспорена, што значи „битката“ помеѓу поранешните верни соопартиции продолжува.
Партијата во меѓувреме останува поделена на две крила, едното верно на Села, во опозиција, а другото на Таравари, дел од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Села/Фејсбук