еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија потсети дека уставните измени не се единствениот услов за старт на преговорите со ЕУ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев за ТВ Бугарија On air нагласи дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во македонскиот Уставот како државотворен народ не е единствениот услов за да Македонија почне преговори со Европската унија (ЕУ).

„Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус. Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството…

Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот. А додека тоа не е факт, нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер кој се однесува на човековите права.

Откако ќе видиме уставни измени, се надеваме, да – тоа тогаш ќе го отвори патот и почнува процесот, кон кој, природно, се пристапува со она што го кажав – базирано на заслуги. Државата која е кандидатка за член на ЕУ треба да ги исполнува условите кои самата Унија и ги поставува.

И во тоа нема никаква билатералност, нема никакво отворено меѓудржавно прашање, туку напротив, тоа се однесува на процесот на присоединување“, кажа тој, потенцирајќи дека Бугарија нема да го промени мислењето.

„Од наша страна, мислам дека нештата се кристално јасни. Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму се што би можело да биде направено како заеднички принос на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено.

Но, треба да се знае дека членство во ЕУ базирано на заслуги е еден фундамент на целата ЕУ, околу кој и ние како Бугарија сме се усогласиле пред 20 години, кога сме биле во нашиот процес на европска интеграција. Тоа го очекуваме и од останатите“, кажа тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Георг Георгиев, новиот бугарски министер за надворешни работи

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шолц не сакал во ЕУ, ама и по прифаќањето на „францускиот предлог„, процесот за влез нема да ни бил лесен

Редакција

(Фото) Како изгледаат автобусите кои ЕУ ги донираше на Скопје

Редакција

Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукање во полицаец во Ѓорче Петров

Редакција