еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шолц не сакал во ЕУ, ама и по прифаќањето на „францускиот предлог„, процесот за влез нема да ни бил лесен

Ние сакаме С Македонија да стане членка на ЕУ. Сакам да бидам сосема искрен со Вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така Ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат. Затоа што сакаме да бидете членка на оваа Европска Унија, вели во своето обраќање до Македонија германскиот канцелар Олаф Шолц, објавено денеска од Амбасадата на Германија во Скопје.

Вашата земја, порачува Шолц, повторно се соочува со носење на една многу важна одлука – дали сакате да го прифатите европскиот компромис, и со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство.

– Тоа ќе биде важен чекор што ќе ве приближи до членство во ЕУ и со што ќе се надмине блокадата. Јас ги разбирам Вашата нестрпливост и Вашата фрустрација. И повеќе од тоа: ги споделувам со Вас! Јас Ве разбирам кога ќе кажете: Нам ни беше предолго и премногу ветувано. Тоа што се бараше од нас беше премногу. Јас го разбирам Вашиот сомнеж дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ, се вели во обраќањето од Шолц.

Сите знаеме, нагласува Шолц, дека компромисите понекогаш значат болни отстапки. Европската Унија се состои од компромиси, ден за ден. Но, јас сум цврсто убеден дека дури и тешки компромиси на крајот секогаш нè носат напред и нè прават посилни.

– Ние Ве сакаме Вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни. Ние сме и ќе останеме на Ваша страна, се вели во обраќањето на германскиот канцелар Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во Германија: Најмалку девет жени жртви на „дрога за силување“ на прославата на партијата на Шолц, присутен бил и германскиот канцелар

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со детали за смртта на ракометарот Тот: Бил нападнат од три лица, изгубил свест и со главата удрил на асфалт

Редакција

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Редакција

Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19

Редакција