еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Скандал во Германија: Најмалку девет жени жртви на „дрога за силување“ на прославата на партијата на Шолц, присутен бил и германскиот канцелар

Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), на која бил и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанца позната како „дрога за силување“, објави СПД.

Портпаролот на партиската пратеничка група во парламентот го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви.

Берлинската полиција соопшти дека истражува тешка телесна повреда откако 21-годишна жена поднела пријава.

„Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер еден од лидерите на СПД, Катја Маст.

Во е-пошта испратена до учесниците на таа летна прослава одржана во средата, СПД го осудува „страшниот чин што веднаш бил пријавен во полиција“.

Илјадници луѓе беа на традиционалната прослава што СПД ја организира пред летниот одмор, а меѓу нив беше и канцеларот Шолц од таа партија, како и бројни други претставници и соработници.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата нема да се спогодува со обвинетите од СЈО пред судот во Стразбур, ќе бара докажување на случаите

Редакција

(Фото) Загина возач во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција

Вкупно од Ковид-19 се заразиле 61 бремени жени, 29 биле без симптоми

Редакција