еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Денеска започнува Велигденскиот пост: Велиш дека постиш, докажи ми преку своите дела

Денеска започнуваат Велигденските пости кои ќе траат 7 недели до најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, Велигден кое ќе се слави на 20. април.

Иако постои општо правило на Црквата како да се пости, сепак, постот треба да биде одреден од страна на духовникот, кој ја знае здравствената состојба на духовното чедо и неговите сили.

Свети Јован Златоуст, за постот вели каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни?

„Велиш дека постиш. Докажи ми преку своите дела. А кои се тие дела? Ако видиш сиромашен, дај му милостина. Ако се сретнеш со своите непријатели, смири се со нив. Ако на улица видиш некое убаво лице, сврти го својот поглед од него. Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото.

Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба. Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот. Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе.

Велиш дека не јадеш месо, но внимавај страсно да не го голташ со очите она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот не слушајќи оговарања и интриги. Со својата уста и јазик пости и воздржувај се од лошите зборови и шали. Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Разговор со јеромонах Кирил за духовната страна на Велигденскиот пост: Да постиме пред сè, од злото во себе

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ахмети на „чекор до договор“ за формирање на Влада

Редакција

Македонија повторно повлекува струја од европската мрежа

Редакција

Снежно невреме во Европа: Двајца загинати по обилниот снег во Полска, Словачка и Чешка

Редакција