еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Децата имаат нова химна: Промовирана „Гуш и Бац“

Вчера во Кинотека на Македонија во Скопје беше промовиран видео записот за инклузивната песна „Гуш и Бац“, која за првпат беше изведена минатиот месец на „Златно славајче“.

Песната е веќе хит меѓу децата, а ја пеат здравствениот работник и активист, Денис Јанкуловски познат како Космонаутко, кантавторката Наташа Мијат Крстевска, позната како Мијата и децата од „Златно славајче“.

Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот е на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент на проектот.  Гитара свири Стефан Маневски, а бас гитара Горан Димитровски.

Придружни вокали се Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и хорот на Златно славејче.

Миксот и мастерингот се направени од Бојан Димитровски и Валентино Скендеровски, а аудио инжењер е Ивица Јанкуловски од студио Алшар. Видео продукцијата е во рацете на Moonlight TV & Film Production.

Песната и видеото се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој.

Фото/видео: Фејсбук/Јанкуловски/Јана Апостоловски/Крстевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) МВР изврши ништење на експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела

Редакција

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Редакција

Кој е Зоран Димитровски, поранешниот новинар, кој ќе биде заменик министер во МНР

Редакција