еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Запалена вратата на зградата на Европската комисија во Софија на протест против еврото

На денешниот протест во Софија, Бугарија, против воведувањето на еврото, организиран од проруската десничарска партија „Преродба“, трета по големина во бугарскиот Парламент, беше запалена влезната врата на зградата на Европската комисија, пренесуваат бугарските медиуми.

Симпатизерите на партијата се судрија со полицијата, која употреби солзавец.

Дестина полицајци се повредени, како и двајца пратеници, Ангел Георгиев и Никола Димитров. Приведениот е пак пратеник Ивајло Чорбов.

Лицата кои протестираа фрлаа и боја и петарди врз зградата.

Партијата „Преордба“ има свои претставници во Европскиот парламент и е дел од екстремно десничарската европска партија „Европа на суверени нации“, во која е и радикалната „Алтернатива за Германија“.

Видео: БГНЕС/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43-годишна жена пронајдена почината во изнајмен стан во скопска Гази Баба

Редакција

Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

Редакција

Сите детали: Што пишува во предлогот за измени на Законот за државјанство што предизвика хаос на социјалните мрежи?

Редакција