еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Интернет преплавен со вознемирувачки снимки со Џастин Бибер и Диди

Мега ѕвездата Џастин Бибер е една од славните личности кои се во фокусот на медиумите по апсењето на американскиот рапер Шон Диди Комбс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со Шон Диди е завршено, ќе настрадат ли и кариерите на Џенифер Лопез, Бионсе, Џеј Зи, Џастин Бибер, Мараја Кери…

Социјалните мрежи се преплавени со видеа од двајцата, а освен што се шпекулира дека Диди го навлекол на користење наркотици на 14-годишна возраст, кога и се запознаа, на големо неофицијално се зборува и дека можеби Бибер е и сексуално злоупотребен.

На бројни видеа може да се види дека Бибер во друштво со Диди и негови пријатели, е во алкохолизирана состојба или дека е под дејство на наркотици.

Освен Бибер, во фокусот на американските медиуми е и пејачот Ашер, кој го запознал Диди со Бибер.

И тој како Бибер почнал да се дружи со Диди пред да стане малолетен.

Бибер последниве години во неколку интервјуа раскажа дека поминал низ пекол во текот на неговата кариера и дека никој од шоу бизнисот не сакал да му помогне, а сега спасот го нашол во Господ.

Се уште нема никакви реакции за бројните шпекулации од страна на Бибер и Ашер.

Диди, на кого му беше одбиена кауција од 50 милиони евра е во затвор откако минатиот месец беше уапсен за бројни кривични дела, од трговија со луѓе до рекетирање, силување и киднапирање.

За него има најави и за стотици граѓански тужби, а половина од нив се од мажи.

Фото: Бибер/Фејсбук/видео: Фејсбук/theQbanguy

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Низ кои три фази би требало да оди постапката за уставните измени

Редакција

Твитер „збесна“ за синусите на Александар Трајковски: „Д-р Груевски врши преглед на простата секој вторник и четврток“

Редакција

„Ова што ни се дешава у државава не е више ни смешно“: Твитер реакции за аудио снимката на Заев и руските комичари

Редакција