Поранешниот член на британскиот поп бенд, One Direction, Лиам Пејн (31) за време на смртта бил под дејство на неколку дроги, покажа делумната аутопсија.
Потврдено е присуство на „розов кокаин“ – рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку дроги, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други – како и кокаин, бензодиазепин и крек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) На 31-годишна возраст почина Лијам Пејн, поранешниот член на „Уан дајрекшн“
Тој како што е познато почина по пад од третиот кат на хотел во Буенос Аирес, Аргентина, а во неговата соба како што пренесуваат светските медиуми била пронајдена и импровизирана алуминиумска цевка за внесување дрога, како и „повеќе супстанции“ и скршени предмети.
Прелиминарен извештај од обдукцијата исто така покажува дека тој починал од од повеќе трауми – внатрешно и надворешно крварење.
Неговото тело останува во Аргентина.
Фото: Пејн/Фејсбук/Видео: ABC News