еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди, порача Мицкоски од Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на Конференцијата за конзервативна акција во Вашингтон, САД, „CPAC“.

Зборуваше за македонската дијаспора, стратешкото партнерство со САД, како и европскиот пат на Македонија.

„Македонците се многу традиционални, ги сакаат своите семејства, можеби сме малку, но македонската заедница во САД е многу важен дел од американското општество. Знам дека го подржаа претседателот Трамп за време на изборите, тие се конзервативци и знам дека ќе продолжат да го поддржуваат претседателот Трамп.

И тоа што би го додал, а е важно, е дека и ние бевме избрани како нова власт со огромно мнозинство пред осум месеци“, рече Мицкоски, објаснувајќи го македонското општество како мултиетничко со две третини Македонци, а една третина Албанци, Власи, Срби, Турци, и други.

„Ние имаме голема дијаспора низ светот, речиси еднаква по бројност колку што живеат во татковината“, подвлече Мицкоски.

Опишувајќи ја Македонија како срцето на Балканот и југоисточна порта на Европа, Мицкоски нагласи дека како таква беше актуелна на патот на мигрантите пред извесен период кон Европа.

„Ние бевме на „фронтот“ и се боревме против илегалната миграција, штитејќи ја Европа од илегалните мигранти“, рече Мицкоски и посочи дека токму тоа денес е главниот фокус и на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мицкоски се осврна и на стратешкото партнерство на САД и Македонија, откако беше истакнато дека нашата земја е една од земјите со најголем придонес во НАТО по глава на жител.

„Одвојуваме над 2 проценти, посветени сме и ги поддржуваме политиките на претседателот Трамп и сметаме дека 2 проценти треба да биде ниската граница, а не високата“, рече Мицкоски на собирот на американските конзервативци.

„Од самиот почеток на нашата самостојност од поранешната југословенска федерација ние имавме две стратешки цели. Прво да станеме полноправна членка на НАТО и втората е да станеме полноправен член на Европската Унија.

Ние станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме знамето, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав, го сменивме нашето име, затоа што некој од нашите соседи станал член на НАТО пред нас и го злоупотреби ветото за да ги исполни билатералните барања. Ако ова не е мешање во внатрешните работи тогаш што е?“, запраша Мицкоски, којшто потенцираше дека двојните стандарди продолжуваат и денес.

„Ние не сме во можност да станеме членки на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав. Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Зарем тоа е фер?

Европските вредности не се билатеризација на процесот на пристапување кон Унијата“, подвлече Мицкоски.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Штерјов избран за претседател на Одборот на директори на Уготур

Редакција

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Редакција

(Галерија) Кои македонски жени се со најпопуларни Инстаграм-профили: Тие имаат и по десетици илјади следбеници

Редакција