Македонската група Меморија деновиве ја објави новата песна „Македонски бисери„, која е колаж од рефрените на познатите македонски песни „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“.
Аранжманот е на Петар Георгиевски – Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио студио „Тра ла ла“ е снимена песната, а како продуценти на истата се јавуваат Мите Димовски и Давор Јордановски. Извршен продуцент на проектот е Камиказа.
На 1. јуни Меморија ќе има концерт во „Дом на млади“ во Штип, а на истиот како специјален гостин ќе се појави познатиот македонски пејач Трајче Манев.
Билетите можат да се набават во самиот „Дом на Млади“, секој работен ден од 08:00-16:00 часот или на означените продажни места низ Штип и онлајн на tickets.domnamladi.mk.
Од таму најавуваат дека нови песни на бендот ќе излегуваат една по една во етерот, се’ до големиот скопски концерт на 16. ноември во арената „Борис Трајковски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меморија по 30 години објави нова песна „За тебе“
Фото/видео: Меморија