еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) “Ми даде Господ сила, не знам како, ја грабнав мечката за уши“, вели сточарот Цане Србиновски за нападот

Сточарот Цане Србиновски (61), жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој пред неколку дена беше нападнат од мечка на планината Мукос, сподели детали за нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кучиња спасија маж во велешко кој го нападнала мечка

По нападот се здоби со неколку повреди, а сега е на домашно лекување.

– Додека подвикнував по телињата, ми испадна пред мене мечката. Ме грабна за нога и паднав на грб. Чизми носев, преку чизма ме фати погоре и немав што да направам, не знам како се извлеков од нејзе. Со десната нога ја удрив по лице, но пак ме фати за нога.

Ми даде Господ сила, не знам како, ја грабнав мечката за уши. Ја држев исплашен и потоа успеав да ја оттурнам. Станав, веднаш заминав и кога стигнав до колибата ногата ми се вкочани. Кучињата лаеја, а таа стоеше, сподели Србиновски меѓудругото со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој го посети.

Фото/видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Инспекторатот за животна средина за набавка на возило вреден 10.000 евра

Редакција

Без разлика на исходот за уставните измени, Ковачевски останува на ставот дека изборите треба да се одржат во редовниот термин

Редакција

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 334

Редакција