еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) По 14. години Јован Јованов повторно запеа заедно со Пајак, објавена нова верзија на „Магија“

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година “Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација, информираат од Урбан Рекордс.

-По желба на Пајак, Јован Јованов после 14 години ќе запее повторно ќе ми треба магија, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајачето се уште ја нема, ха ха, велат од таму.

За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо.

Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.

На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опожарено возило на јавен обвинител, а пред еден месец гумите му биле исечени со нож

Редакција

Грција од понеделник го укинува задолжителниот ковид-тест за влез во земјата

Редакција

Каков имот пријавил Али Ахмети

Редакција