еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ирена Јакимовска и Анита Блажевска нови подпретседатели на Стопанската комора

Ирена Јакимовска, сопственичката на текстилната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп и Анита Блажевска од „Филип Морис ТКП„ од Прилеп се новите подпретседатели на Стопанската комора.

Како што информираат од таму за нови членови на Управниот одбор (УО) се избрани Снежана Савиќ Димовска од „Пивара Скопје“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска од „Македонијатурист“ АД Скопје“ и Горан Мауровски од „Факом„ АД Скопје.

Дел од УО ќе станат и Јордан Димитровски од „Аитоних“, Жарко Димитриоски од „БД Група“ и Аријана Коскаровска од “Креатив хаб“.

Во УО на Комората се и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев и Никица Мојсовска Блажевска.

Од таму информираат и дека континуираните кризи од 2008 година до денеска го принудило подпретседателскиот тим на Комората: Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси.

-Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании, велат од Комората.

Кристофер Сандерс од Германија пак ќе му биде специјален советник на претседателот на Комората, Бранко Азески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сестрата на Ким Јонг Ун страв и трепет во Северна Кореја и регионот

Редакција

Сејдини не дозволил средба на фудбалерите со Заев, од ФФМ објаснија зошто

Редакција

(Фото) Универзална сала доби нова купола

Редакција