Модните љубители знаат дека во Милано, Италија, се случува Модната недела каде сите дизајнери и брендови ги промовираат своите најнови колекции.
Па така во саботата се одржа и модното шоу на италјанската дизајнерка Лаура Бјаџоти (Laura Biagotti) каде настапи нашиот модел Сара Стои.
„Оваа модна куќа стана препознатлива кога ги лансираше парфемите Рома кои беа многу популарни при крајот на деведесите години. Нашата убавица престојува во Милано каде работеше и на други проекти како и на неколку други ревии помеѓу кои и за брендот HUI.
Сара е дел од агенцијата NEXT Management, која важи за една од најдобрите светски агенции за модели. Фантастична и неверојатно шармантна Стои совршено се вклопува во сегашниот тренд на модели кои ја поседуваат уникатноста,“ велат за еМагазин.мк од Моделс ИН Менаџмент.