еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) 18-годишниот Христијан Стојанов, уште еден херој, кој спасувал повредени во пожарот во Кочани

Штипјанецот Христијан Стојанов (18), ученик во средното текстилно училиште, е уште еден херој, кој помогнал да бидат спасени повредени во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 59, а беа повредени 203 лица.

Тој за локалната телевизија Стар раскажа дека воопшто не се двоумел да влезе во објектот и да помогне, а таму бил и неговиот братучед.

Влегол заедно со неговиот другар Давид Симонов.

Ја натопил маицата и ја ставил на устата.

Некои луѓе не можеле да излезат поради густите облаци чад, па им помагале да излезат или ги носеле надвор, каде што им давале прва помош.

„Дури и оние кои беа онесвестени ги изнесувавме на улица, каде што имаше луѓе кои не се осмелуваа да влезат, но ги преземаа повредените за да им помогнат“, раскажува тој, посочувајќи дека без помошта на обезбедувањето, бројот на жртвите ќе бил многу поголем.

Во пожарот загубил и другари.

Тој беше на лекување неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Херојот Јован Костадинов за првпат раскажа како спасувал повредени во пожарот во Кочани

(Видео) Траорно сведоштво на Борче Јованчевски за пожарот во Кочани

(Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало

Видео: ТВ Стар/фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Патишта“ – нова песна на Стефан Лазаров и Тамара Тодевска, за сите блиски кои повеќе не се со нас

Редакција

Црковно-државна делегација од Македонија присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим

Редакција

МВР со детали за камионот кој излета од автопатот Гостивар-Тетово

Редакција