еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Црковно-државна делегација од Македонија присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим

Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.

-Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме Христовото опело, пишува на сајтот на Тетовско-гостиварска епархија.

На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговата светост патријархот Ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија. На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, кој со благослов и одлука на САС на МПЦ-ОА ја предводи црковната делегација.

Во делегацијата се и архимандритите Кирил и Анатолиј од Бигорски манастир.

Државна и црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим“ во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.

Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, соопштија од владината – прес-служба, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале шест лица, дополнително пријавени уште петмина

Редакција

Владата не ги почитува работниците за најголемите празници, велат од Гласен текстилец

Редакција

Во март раст на депозитите кај домаќинствата, пад кај фирмите

Редакција