еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата не ги почитува работниците за најголемите празници, велат од Гласен текстилец

Од Гласен текстилец сметаат дека Владата им дава препорака на работодавачите да го кршат Законот за работни односи, со последната одлука со која се дава препорака до работодавачите односно за деновите 31. декември 2023 година и 1. јануари 2024 година, како и 7. јануари и 8. јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

„Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Гласен Текстилец даде особен ангажман да има забрана за работа во недела на огромен дел од дејностите, сепак Владата сега им дава препорака на работодавачите да го кршат законот кој тие го донесоа, базиран на наши долгогодишни барања.

Оваа Влада која е социјалдемократска, треба да тежнее кон просперитет и да биде блиска до работниците.

Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство.

Ги повикуваме да ја променат оваа несреќна препорака со која даваат ветер во грб на работодавачите да ги кршат законите и работничките права!

Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците,“ велат од Гласен текстилец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата препорачува продавниците да работат за време на празниците

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Војна„ на социјалните мрежи за референдумот, а договорот со Грција го прочитале 3,1% од граѓаните

Редакција

(Фото) Кои десет компании се наградени со признанието за македонски квалитет

Редакција

Пендаровски ќе има средба со Македонците од Бугарија

Редакција