еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата препорачува продавниците да работат за време на празниците

Владата препорачува, за време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31. декември 2023 година и 1. јануари 2024 година, како и 7. јануари и 8. јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата купува компјутери и информатичка опрема за 67.000 евра

Редакција

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција

(Галерија) Кој дојде на одбележување на роденденот на кралицата Елизабета во Британската амбасада

Редакција