еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов топло време, со пораст на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степен. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), викендов ќе преовладува стабилно време и дневната температура ќе биде во пораст. На почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

-Потоа се очекува постабилен и сè потопол период, информира УХМР.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„СЕВДА“ – нежни љубовни ноти од балканските великани во македонската филхармонија за денот на виното и љубовта

Редакција

(Видео) Голема акција на МВР: Запленети четири и пол килограми хероин и килограм кокаин во Сингилиќ

Редакција

55-годишен македонски државјанин загина во сообраќајка во Грција

Редакција