еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Во Витаминка одржан семеен ден за вработените

Овој викенд, Витаминка организира Семеен ден, каде беа присутни повеќе од 500 вработени заедно со нивните семејства од Прилеп, Штип и Скопје. Еднодневниот настан кој се одржа во кругот на компанијата, беше исполнет со забава, спортски активности и дружење и создаде незаборавна атмосфера за сите присутни, истакнувајќи ја посветеноста на Витаминка за одржување на позитивен корпоративен дух и зајакнување на тимската работа.

„Семејниот ден е еден од настаните кои се од најголемо значење за нас, бидејќи ни дава можност да се поврземе на еден посебен начин, не само како колеги, туку и како големо семејство.Ова е можност за нашите вработени да ги запознаат своите колеги во неформална и пријатна атмосфера, додека нивните деца и семејства уживаат во забавата и активностите,“ велат од компанијата.

Програмата на настанот вклучуваше голем број активности за сите возрасти, од спортски игри до интерактивни работилници за децата, како и музичка програма со Викторија Лоба. Со создавање на можности за релаксација, дружење и тимско градење, Витаминка продолжува да се грижи за добросостојбата на своите вработени и нивните семејства.

Семејниот ден е дел од пошироките напори на компанијата за градење на позитивна работна култура и поттикнување на здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на своите вработени.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24. Моден Викенд Скопје води на пат кон кружна иднина

Редакција

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработени донираа 2,5 тони храна по повод Светскиот ден за борба против гладта

Редакција

Да зборуваме отворено за женското здравје и менструалниот циклус!

Редакција