еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во декември маж на возраст од 20 до 29 години починал од СИДА

Билтенот за движење на акутните заразни заболувања во Македонија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за декември покажува дека во текот на тој месец се пријавени два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години.

Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.12.2024 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2024 година, изнесува 688, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ, 130 лица починале, 554 лица живеат со ХИВ/СИДА, а 4 лица се со непознат исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платфoрма за ХИВ: Апелираме Владата да ги обезбеди потребните средства за услугите за превенција и лекување на пациентите со ХИВ

Годинава повеќе случаи на ХИВ/СИДА, најмногу во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат „Илинденска“ на потегот од Влада до МИ-ДА

Редакција

Задушница: Денот не претставува гозба за најадените, туку милост кон гладните

Редакција

Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог

Редакција