еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Во Кинотека во јули, фокус на македонскиот игран филм

Легендарните Леб и сол имаат композиција која никако не се заборава. Станува збор за вечната хит нумера од нивната дискографија Скопје. Скопје има микро клима – изгор лето, кочан зима. Стихот изгор и тоа како го чуствуваме. Токму затоа Кинотека на Македонија нуди релаксација, а истовремено и интелектуален стимул, велат оттаму.

„На летната кино сцена, во добропознатиот манир на Мирно лето, месецов ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.

Ќе се прикаже и филмот Жед, на исто така легендарниот и наш филмски и театарски режисер, Димитрие Османли. Тоа е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“.

Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј, во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за Жед оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“…

Не смее да се изостави ниту проекцијата на Волчја ноќ, во режија на Франце Штиглиц и според сценарио на македонскиот писател Славко Јаневски. Токму ова остварување е вториот гран филм во историјата на седмата уметност кај нас,“ се вели во соопштението.

Во рамките на месечнава понуда, на летната кино сцена Мирно лето, ќе се прикажат и квалитетните современи остварувања како фестивалскиот миленик Исцелител, Домаќинство за почетници, Ругање со Христа, хитот на кино благајните Бал-Кан-Кан, култниот постмодерен омнибус Скопје ремикс.

„Средината на овој месец е резервирана за содржините селектирани од филмскиот фестивал Синедејс.

Репертоарската понуда се заокружува со прикажувањето на филмските материјали кои се однесуваат на земјотресот што го зафати нашиот главен град во 1963-та, како и со промоцијата на „Македониум: Драматургија на недовршеното“.

Тоа е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка Македонија.

Токму оваа месечна понуда на Кинотека покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи,“ велат од Кинотека.

Целосната програма ОВДЕ.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од четврток до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Редакција

Автобусот на „Беса транс“ бил стар 14 години, за две години над 130 пати минувал граници

Редакција

Гаши се молеше во Собрание, нарушена секуларноста на државата

Редакција