еМагазин
Image default
Бизнис

Во првите 11 месеци лани извозот пораснал за 0,1, а увозот се намалил за 8,4%

Во првите 11 месеци од минатата година од Македонија се извезени стоки во вкупна вредност од 471,881 милијарди денари или 7,664 милијарди евра, односно 8,278 милијарди американски долари, што е пораст од 0,1 отсто во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 627,225 милијарди денари или 10,187 милијарди евра, односно 11,006 милијарди американски долари, што е за 8,4 помалку во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.

Според податоците на ДЗС, трговскиот дефицит во првите 11 месеци од 2023 година, изнесува 155,344 милијарди денари или 2,523 милијарди евра, односно 2,727 милијарди американски долари, а покриеноста на увозот со извоз е 75,2 отсто.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во првите 11 месеци од минатата година Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на Комерцијална, НЛБ и Алкалоид најтргувани на Македонската берза

Редакција

Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата

Редакција

Битолски СН Брокер лани со зголемена добивка

Редакција