еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вработени од „Макпетрол“ волонтираа на настанот „Повторно заедно“ за кревање свест за аутизмот

Здружението „Аутизам ААМК“ денес во Градскиот парк во Скопје го организира настанот „Повторно заедно“ зад кој што застана и „Макпетрол“, информираат од компанијата.

Активни учесници во поддршката беа и дел од вработените на компанијата. Освен што го водеа штандот со едукативни материјали за кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, тие беа дел и од волонтерскиот тим на „Школка“, посочуваат од таму

– Инклузивноста е вредност која што не треба само да се почитува, туку и секогаш да се бара начин како да се примени во пракса. Лицата со атипичен развој, особено децата, заслужуваат поддршка и можности за напредок како и сите останати. Иако нашата општествено одговорна кампања „Стоп за булинг“ има поинаков фокус, сепак, значаен дел од нејзината порака е да се прифаќаат и да се почитуваат различностите.

Меѓу нашите главни цели е да помогнеме да се креираат услови за реализација на потенцијалите на децата, без разлика на нивниот тип на развој. Веруваме дека голем чекор напред ќе се направи доколку со заеднички сили го поддржиме кревањето јавна свест за аутизмот, вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

Настанот организиран од „Аутизам ААМК“ вклучуваше многу активности за деца како игротека на отворено, кошарка, ракомет, „Не лути се човече“, големи сложувалки, спортски вежби, забава, музичко и ликовно катче, како и базар со изработки од лица со атипичен развој.

Здружението „Аутизам ААМК“ е основано и предводено од група ентузијасти и волонтери кои што досега организираа повеќе од 20 настани за да се зголеми свеста за потребата од инклузија на лицата со атипичен развој.

Освен на „Повторно заедно“, викендов „Макпетрол“ учествуваше и го поддржа и настанот „Вози право, вози здраво“ на „Стопанска банка“. Општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ беше дел и од овој собир во Градскиот парк, со којшто велосипедизмот се промовира како форма на урбан транспорт.

Имајќи предвид дека дел од овој настан се голем број деца и млади, „Макпетрол“ активно учествуваше со споделување едукативни материјали за булингот. Компанијата и во иднина ќе продолжи да предводи и да поддржува општествено одговорни иницијативи со кои се поттикнува развојот на различни сегменти од заедницата, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба и до 70%: Подгответе се за Garage Sale во Рамстор Мол

Редакција

(Галерија) Заев и Ципрас во Минхен ја добија наградата „Евалд Фон Клајст“

Редакција

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

Редакција