еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ се разболе пред средбата со Трамп и пред да оди во Москва

На српскиот претседател, Александар Вучиќ му се слошило во САД, по што се врати во Србија.

Во САД, како што и самиот најавуваше дури двапати требало да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп.

По враќањето во Србија беше примен на Воено-медицинската академија во Белград, а од таму информираа дека во САД имал силна болка во градите, која траела неколку секунди.

По прегледот бил стабилен и е пуштен од болница, но мора да мирува неколку дена.

Докторот Драган Динчиќ, кардиолог и началник на Управата за воено здравство, кој што десет години се грижи за неговото здравје, како што пренесуваат српските медиуми, вели дека Вучиќ досега три пати имал слични тегоби, главно поврзани со претерано висок крвен притисок.

Вучиќ исто така на 9. мај требаше да оди на парадата во Москва, Русија, по повод 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот, а од Европската Унија беше предупреден да не го прави тоа и му беше порачано дека тоа ќе влијае на европскиот пат на Србија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски хит на Твитер: „Го нема никаде, ко мајка ми да го кренала“

Редакција

Данците повторно први во светот, за спас на планетата – складираат јаглерод диоксид под морето

Редакција

(Видео) Армијата, багер, детектор за метал и куче вклучени во пребарување на имот на криминалците од „Барон“

Редакција