еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Бони Николова, мајка на 3 деца која во слободно време создава неверојатни креации за претстојните празници

Бони Николова од струмичкото село Сушица, скоро четири години се занимавам со рачни изработки кои се уникатни модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приказната на Бони Николова: Како добрата идеја и креативноста може да Ви донесат заработувачка

„Можам да кажам дека тоа е моето хоби. Секогаш кога имам време морам да седнам и да создадам нешто ново и уникатно. Честопати самата на себе знам да си поставам прашање во смисла на тоа дали знам што конкретно правам сега и како ќе излезе на крај, но со доста посветеност, труд и внимание секогаш имам одличен резултат.

Љубовта кон тоа да творам и создавам нешто што го нема како готов производ произлегува уште од најрана возраст кај мене.

Како мајка на три деца и со секојдневните обврски кои се неизбежни јас секогаш сум ограничена со времето, но сепак тоа не ме спречува да креирам, наоѓам време и за да се релаксирам, бидејќи како што спомнав тоа е моето хоби, јас тоа сакам да го правам и уживам секогаш кога некому ќе измамам насмевка на лицето.

Некогаш знам да си кажам на самата себе доста е ти треба одмор и слично, но желбата одвнатре што ја имам е поголема од тоа да седам само така и мирувам и затоа секогаш морам нешто да правам„, раскажува таа.

За престојните празници има креирано многу различни модели на украсни венчиња за деца, новогодишни чорапи со име, украсни навлаки за перници со новогодишен принт, а од оваа година и украсни лампиони со име, кои, како што вели за многу краток период станале омилени на многу луѓе и ќе ги красат елките во нивните домови.

Најголема подршка и е сопругот Дарко Николов.

„Како моја најголема поддршка го имам својот сопруг Дарко, кој секогаш ме охрабрува, навистина го цени тоа што го правам, а и самиот тој е тука да помогне како на пример со набавка на материјали кои ми се потребни, а и ако е нешто итно уште еден пар раце секогаш се добредојдени“, раскажува таа.

Прави најразлични креации и за родендени, крштевки, свадби…

„Како минува времето така и јас секогаш сакам да пробам и нешто друго, па покрај сето тоа започнав да правам и многу други декорации како за родендени, крштевки, свадби, мекици и слично“, раскажува таа.

Во периодов кој е препознатлив на подарување, вели дека повеќе сака да подари некому нешто, отколку таа да добие подарок.

“Повеќе сакам кога јас подарувам некому нешто отколку кога јас добивам подарок, па така лани овој период пред Нова година си ја исполнив желбата и го посетив училиштето O.У.Р.Ц Свети Клмент Охридски во Ново Село со подароци за сите дечиња од кои бев пречекана со големи насмевки и многу прегратки.

Тоа за мене е еден голем и убав спомен, а се надевам дека ќе имам и уште многу вакви спомени. Моите, а и сите други деца се моја најголема инспирација, бидејќи нема ништо повредно од детската насмевка„, вели таа.

Со Николова можете да стапите во контакт ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на ОН го осуди „јасното кршење на хуманитарното право“ во Газа

Редакција

(Фото) Математичкиот гениј Македон Димитровски го освои сребрениот медал на интернационалниот натпревар „Математика без граници“

Редакција

Познати кандидатите за заменици министри на Алијанса за Албанците

Редакција