еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Со кој сѐ се сретна Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон

На Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, кој заврши вчера, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, класични средби од лидерите на земјите членки, за кои детално информираше на социјалните мрежи, имаше со унгарскиот премиер Виктор Орбан, албанскиот премиер Еди Рама и претседателот на Чешка, Петр Павел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Унгарија наместо 1 милијарда ќе и позајми на Македонија 500 милиони евра

Мицкоски имаше разговори и со италијанската премиерка Џорџа Мелони, бугарскиот технички премиер Димитар Главчев и со премиерката на Естонија, Каја Калас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи“: Мицкоски за средбата со бугарскиот премиер

(Фото) Бугарскиот премиер во Вашингтон најмногу разговарал со Мицкоски

Премиерот се запозна и со домаќинот на Самитот, американскиот претседател Џо Бајден, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски го користел уставното име на состаноците на Самитот на НАТО

Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент, Џон Бас.

Повеќето средби му беа вон Самитот.

Со Рама и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, оствари средба и со американската сенаторка Џин Шахин и сенаторот Том Тилис, како и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.

Имаше средба и со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД, како и со конгресменот Брендан Бојл.

Работна средба имаше и со претседателката на NDI, Тамара Кофман.

Во Вашингтон имаше средба со поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер.

Со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши имаше средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Се сретна и со потпретседател на компанијата Вабтек, Грег Сброко, како и со Даниел Твининг, претседателот на ИРИ.

На вечера беше со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот.

Пред почетокот на самитот на НАТО, имаше средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски на вечера кај Бајден во Белата куќа

(Фото) Мицкоски се запозна со Бајден и разговараше со премиерката на Италија

(Фото) Мицкоски до Орбан на групната фотографија од Самитот на НАТО

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Колекција #WELOVEYOUALL: Најженствените парчиња оваа сезона од Women’secret

Редакција

Вкупно 1.625 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција

Убава вест од Кина: Се укинаа драстичните ограничувања во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со коронавирусот

Редакција