еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаши потврди дека „свадбарите“ ја поминале границата со Косово без проверка

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите ја потврди информацијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) дека свадбената поворка во која беше и тој, ја поминала македонската граница со Косово без проверка од страна на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши и семејството воопшто не биле проверени и евидентирани на границата со Косово, откри Тошковски

Границата без проверка освен службените возила ја поминале и приватни возила, дел од поворката, а според Гаши одговорноста за овој пропуст е кај МВР и министерот Панче Тошковски.

Тој рече дека не била негова работа да прегледува пасоши.

„Јас никогаш, од никого, не сум барал да го прекрши законот, МВР требало да си провери пасоши на граница. Јас прашав дали можам да одам со приватно возило, меѓутоа ми укажаа дека не можам, тоа би било прекршување на законот и дека секаде треба да бидам придружуван од моето обезбедување“, рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гаши со семејството патувал со обезбедување на свадба во Косово

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Емотивна приказна за познатите актери од филмот „Исправи се Делфина“: Неда Арнериќ и Диме Илиев по 20 години се сретнаа во Битола

Редакција

Подем на екстремната десница на европските избори

Редакција

(Видео) Детали од МВР за криминалната група нарко-дилери од која беше запленета дрога вредна 800.000 илјади евра

Редакција