Готвачот Антонио Јанковски, кој водеше кулинарско шоу на телевизијата Канал 5 се бори со рак и пневмонија и бара помош.
На Фејсбук објави фотографии кои покажуваат во колку лоша состојба е.
-Имам рак на црниот дроб и добив лоша инфекција на моите бели дробови која предизвика нивно оштетување. Не знам кое е полошо од двете.
Во меѓувреме моите финансиски средства се потрошени до точка на гладување и ја изгубив целата моја тежина и не можам да работам, па морав да се откажам од болничкиот престој, затоа што не можам да си дозволам да плаќам за лекувањето и лекарствата кои ми се потребни…
Сметките се трупаат и сега мојата опција е да страдам и да се борам за воздух надвор од болницата, без грижата која ми е потребна и со кислородна поддршка. Сам на себе е пеколно тешко, па ако можете, ве молам да ми дадете мала поддршка за да бидам подобар. Навистина сакам да живеам и да уживам во животот како сите вас.
Ова е сметката на која можете да донирате. Стопанска Банка 200004050431223“, напиша тој на Фејсбук.
Можете да донирате и ТУКА.
Фото: Канал 5/Јанковски