еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Го користел СОЗР за свои и потреби на сопругата: Детали од Обвинителството за истрагата за Пеце Мирчески

Од Основното јавно обвинителство денеска информираа дека е отврена истрага за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата, Пеце Мирчески и за уште едно лице.

Мирчески кој доби притвор од 30 дена, по барање на Обвинителството, е осомничен за кривичните дела Примање поткуп и Проневера во службата, а другото лице е осомничено за продолжено Давање поткуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за Мирчески, поранешниот директор на СОРЗ на Владата

-Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.

Тој не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга.

Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило “Фолксваген пасат” сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.

Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој друг беше приведен со Мирчески, поранешниот директор на СОРЗ на Владата

Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години,  на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки.

Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари.

Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.

Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари.

Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пеце Мирчески, поранешниот директор на СОРЗ, кој е приведен

Мирчески приведен со сопственик на рент-а-кар сервис

Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васко Ковачевски нов директор на ЕСМ: Кои се новите функционери што ги именува односно ги препорача Владата?

Редакција

Сите детали: Што се случи во „Охис“?

Редакција

(Видео) Граѓани и денеска палат свеќи за Фросина Кулакова и одаваат почит

Редакција