еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство 

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи Централниот совет, највисокото тело на партијата.

Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет.

Лидерот на партијата Африм Гаши на седницата во партиското седиште во Тетово ги информирал за текот на досегашните преговори и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе Муртеазни, се историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион.

– Дополнително се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу, итн.

Договоривме и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството, што е наша основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата, која е исклучително важна во ова време.

Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернатива, истакна Муртезани.

Со влегувањето во Владата, посочи партискиот портпарол, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе и важни одговорности.

– Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, кажа Муртезани.

За сите детали за договореното околу влегувањето на Алтернатива во Владата, денеска во 13 часот во Клубот на пратениците ќе информираат Гаши и премиерот Зоран Заев, кои свечено ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски на средба со Касами: Се формира ли поширок опозициски фронт?

Редакција

Штип бележи рекорден број на новозразени со коронавирусот

Редакција

(Видео) Пандев му го подари дресот на Џамбо Агушев и славеше со неговиот оркестар

Редакција