еМагазин
Image default
Македонија

Таравари нема да му се извини на Заев: „Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи“

Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини на премиерот Зоран Заев, по изјавата во која кажа дека нудел пари на пратеничка за да ја придобие при формирање на парламентарно мнозинство.

Таравари тврди дека ја зборувал вистината и оти обајцата знаат што се случило, напомена во одговорот на новинарско прашање, денеска во Гостивар.

„Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во хибриден режим и не сакам да вовлекувам нашите пратеници во непријатна ситуација, оваа приказна и таа тема ќе ја завршам тука. Јасно е што е направено,“ изјави Таравари.

Таравари неодамна во телевизиско интервју обвини дека низ земјава се „шетало со куфери полни пари“ и оти пратеничка од редовите на Алијанса за Албанците добила понуда од пријатели на премиерот да премине од опозиција во владејачкото мнозинство.

По ова следеше демант од премиерот Заев и најава за тужба доколку Таравари не се извини за кажаното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари обвинува дека власта нудела пари на пратениците за обезбедување на мнозинство, Заев се закани со тужба

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Османи со украинскиот колега Кулеба: Русија да се врати на принципите на ОБСЕ, страдањето на цивилното население е недозволиво

Редакција

Kој кога ќе настапи на прославата пред зградата на Владата

Редакција

Последиците од незаконското прислушување се од огромни размери, рече на судењето за „Таргет-Тврдина“ обвинителката Ристоска

Редакција