еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште 6

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 9 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021.

Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Вкупната бројка на починати е 7.631.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 2.308 болни од Ковид-19

355 нови случаи на Ковид-19 од 3.042 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг: Руската војска прави воено злосторство, ова е најбрзорастечката воена криза од Втората светска војна

Редакција

(Галерија) Нуркање на 2.218 м.н.в. на Големо езеро Пелистер

Редакција

Твитер за ремонтот во СДСМ: „А чекај, разрешениве ќе си ги задржат функциите – министри, пратеници, градоначалници…“

Редакција