еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои вакцини против Ковид-19 во Македонија спречија најмногу хоспитализации

Две дози од вакцината на „Фајзер“ покажала највисока ефективност во спречување хоспитализација, покажува сеопфатната анализа спроведена од 15 јануари (од денот на првата регистрирана вакцинација) до 30 септември, при која биле следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин”.

Во ефикасноста од спречување на хоспитализација, по „Фајзер“ следува вакцината „АстраЗенека“ и вакцината CoronaVac (производител Sinovac), сите со ефективност над 92%.

Вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажале послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но се уште имале висока ефективност, над 80%.

Во анализа на 65.837 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажале значително пониска ефективност во спречување хоспитализација од Ковид-19.

Истражувањето го предводил д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои вакцини во Македонија, најмногу спречија смртен исход од Ковид-19

Мажите во Македонија имаат околу 28% поголем ризик од жените да починат од Ковид-19

Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените

Половина од починатите од Ковид-19, починале во рок од 8 дена по хоспитализација

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

(Видео) Во Скопје се одржа третата Парада на гордоста

Редакција

Електрани, Водостопанство и МВР имаат склучено највредени договори без оглас

Редакција