еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штип бележи рекорден број на новозразени со коронавирусот

Една недела ќе бидат затворени канцелариите и на регионалната канцеларија на Акционерското друштво за станбен и деловен простор, најави денеска командантот на Општинскиот кризен штаб и градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски.

Таму вработените нема да одат на работа од превентивни причини, бидејќи на еден од вработените член на семејството е позитивен на Ковид 19.

-Немаме регистрирано случај на позитивен во оваа институција, но со цел да не се шири заразата од превентивни причини вработените ќе седат дома, вели Бочварски.

Се чекаат резултатите од тетсирањето на вработените во Фондот за ПИОМ и за ФЗО, кои работат во иста зграда.

Бочварски истакна дека денешната рекордна бројка на новозаразени вкупно 33, според Институот за јавно здравје се должи на масовното тестирање на над 800 работници во седум штипски конфекции.

Тој забележа дека дел од нив ги пуштиле работниците на колективен годишен одмор, а онаму каде што нема позитивни случаи продолжиле со процесот на производство.

На штипското Инфективно Одделение се лекуваат 25 пациенти, од нив пет се на кислородна поддршка, еден пациент на возраст од 86 години е во потешка општа состојба.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 156

Нови 10 случаи на Ковид-19 во тетовско, сите кај лица од рурални општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирани и невакцинирани Срби ќе може да патуваат во Грција најверојатно уште во април

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Конфекцијата „Кули“ од Прилеп нуди бесплатна изработка на медицински маски за заштита

Редакција

На распродажба имотот на ТВ Нова: Се нудат автомобили, камери, компјутери…

Редакција