еМагазин
Image default
Македонија

Нови 10 случаи на Ковид-19 во тетовско, сите кај лица од рурални општини

Кризниот штаб при Општина Тетово соопшти дека од новите 10 случаи овој пат нема ниту еден позитивен тест во градот, а сите се кај луѓе од руралните општини.

–Денешните 10 позитивни случаи се од два веќе познати кластери, шест лица се од Општина Теарце и четири од Општина Боговиње. Вкупниот број на дијагностицирани сега изнесува 292, од кои досега се оздравени 136 лица, а 24 починале.

Со бројот на активни случаи во Тетово и петте околни општини е 132, потенцираат од Кризниот штаб.

Градоначалничката Теута Арифи побара граѓаните да бидат искрени во врска со контактите со заразени од коронавирусот.

-Избегнувајте посети дома и слични групирања. Исто така апелираме дека за време на епидемиолошките истражувања граѓаните да бидат искрени и да даваат точни информации во врска со контактите што ги имале со трети лица, со оглед на фактот дека превенцијата е најдобриот начин за борба против вирусот, со оглед на изјавите на стручните лица, тој ќе биде меѓу нас подолго време и треба да научиме како да живееме со тоа заштитувајќи се себе си и другите.

Уште еднаш, го повторуваме нашиот повик до граѓаните во овој период да покажат дополнителна грижа и одговорност во однос на заштитните мерки, носење маска, одржување физичка дистанца и редовно миење раце, истакна Арифи.

Откако тестирањата на вработените во градинките покажаа дека нема заболени од Ковид-19, од Општина Тетово најавуваат можност за почеток со работа на оваа установа.

–Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини како дел од ублажувањето на мерките, а кои предвидуваат отворање на градинки на територијата на цела Република Северна Македонија.

Исто така, очекуваме и се надеваме дека наскоро Комисијата за заразни болести ќе го одобри барањето на Општина Тетово за ослободување на организираниот меѓуградски превоз во Тетово и околните општини, соопштија од општината.

Според општините, вкупниот број на случаи во општина Тетово е 159 (починати 9 лица), Боговиње 58 (починати 6 лица), Теарце 36 (починати 2 лица), Брвеница 19 (починато едно лице), Јегуновце 13 (починати две лица) и Желино 7 заразени (починати 4 лица).

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 156

Нови 10 случаи на Ковид-19 во тетовско, сите кај лица од рурални општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството побара притвор за шест лица приведени во акцијата на МВР

Редакција

Убава вест: Оздравени 126 лица кои боледуваа од корона вирусот, најголем број од Куманово

Редакција

И детската болница во Козле ќе прима Ковид-19 позитивни пациенти

Редакција