еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се утврдува одговорноста на полицајците кои не постапувале за време на полицискиот час во Чаир

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска соопшти дека за непостапување од страна на полициските службеници за одредени настани за време на полицискиот час во скопски Чаир ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во однос на продавницата која вчера била отворена во Чаир, рече дека тоа не е во надлежност на МВР, туку на Државниот пазарен инспекторат.

– Дозвола за работење на колонијалите даваат локалните Кризни штабови, но тие дозволи не се за продавање директно, туку за продавање со достава до домовите. Во конкретниот случај работењето на продавницата е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Во однос на полцииските службеници кои не постапиле во однос на лицата ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност, рече Чулев.

Прашан дали МВР утврдило за која цел портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја користел дозволата за движење за време на полициски час, Чулев информира дека тој располага со валидна дозвола за движење и оти не е регистрирано дека се однесувал дрско и навредливо.

– Според информации што ги добив од Секторот за внатрешни работи Струмица, посоченото лице располага со валидна дозвола за движење и јас мора да кажам дека МВР не издава дозволи за движење.

Дозволите се ингеренции на Министерството за информатичко општество и администрација и со дозвола на Владата овозможено е на сите правни субјекти кои имаат работни обврски или задолженија самите да си издаваат дозвола.

МВР не навлегува во валидноста на дозволите, туку само гледа дали тие се оригинални или не, рече Чулев, додавајќи дека досега не е стигната пријава од страна на посоченото лице дека е следен или дека на каков било начин е неовластено легитимиран од страна на други службеници.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Чаир руши рекорди, само Штип има повеќе активни случаи на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПРИЗМА: По мандатот, Коце Трајановски се подновил со куќа

Редакција

Убава вест: Штип има повеќе излекувани отколку заразени со корона вирусот

Редакција

Ако попишувачот нема легитимација, не го пуштајте дома

Редакција