еМагазин
Image default
Македонија

За ВМРО-ДПМНЕ изборите во овој момент се во втор план

Важно да се посветиме и да ја надминеме корона кризата, која ескалира во енормни размери и во овој момент изборите навистина се во втор план, изјави на денеска на прес-конференција членот на член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ по изборите би одбила коалиција со ДУИ, доколку партијата остане на идејата на нејзиниот лидер Али Ахмети за премиер Албанец, Василевска изјави дека народот на избори избира политичка опција и премиер.

Таа нагласи дека засега нема иницијатива за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски во однос на прашањето за изборите.

– Тоа што сега е важно и загрижувачки е она што власта на СДСМ нема разумност и покрај високите секојдневни бројки на новозаразени и починати. Евидентно е дека СДСМ нема контрола, нема систем за застанување на патот на оваа пандемија и тоа е повеќе од очигледно и тоа е на голема жалост за сите нас.

Во однос на идната (лидерска) средба доколку има иницијатива сметам дека ние благовремено ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме во однос на тоа прашање, додаде Василевска.

Осврнувајќи се на порастот на бројот на новозаболени од корона последниве денови, Василевска смета дека „постои огромно сомневање и недоверба“ во однос на криењето на реалните бројки за новозаразени од страна на Комисијата за заразни болести.

– Прашањето е како со дваесетина заразени и еден до двајца за жал починати, беше прогласуван пикот на епидемијата, а сега со стотици новозаразени се турка приказна за стабилизација на состојбата. Очигледно е дека СДСМ нема контрола врз состојбата и тоа е повеќе од очигледно, рече Василевска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлуката за изборите ќе зависи од ставот на Владата за вонредната состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој е Александар Филиповски кој доаѓа на местото на Павле Богоевски

Редакција

Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Редакција

Убава вест: Оздравени 31 болни од Ковид-19

Редакција