еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Грчката “Ејџијан„ нема да лета од Скопје до Крф, ги намали и летовите до Атина

Уште не стартувана, а веќе е укината најавената авио линија од Скопје до грчкиот остров Крф, на која требаше од 1. јуни да лета грчкиот авиопревозник „Ејџијан ерлајнс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1. јуни летови од Скопје до грчкиот остров Крф

Како што објави спецјализираниот сајт за авиосообраќај exyuaviation.com, грчкиот авиопревозник ја запрел продажбата на билети за оваа линија.

Требаше да има летови од Скопје до Крф двапати неделно, во вторник и сабота, а најавената линија беше Атина-Скопје-Крф-Скопје-Атина.

Во ревидираниот распоред на „Ејџијан ерлајн“ овие неделни летови се целосно укинати и тие два дена ќе нема ни летовите од Атина за Скопје. На тој начин сообраќајот меѓу Скопје и Атина од дневни ќе биде намален на пет лета неделно, почнувајќи од 4. јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за новиот директен лет од Скопје до островот Крф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две години раст: Пад на трговската размена со Бугарија

Редакција

МПЦ-ОА бара верниците да ги почитуваат мерките против Ковид-19 за Велигден

Редакција

Кој е Илија Гечев, единствениот милјардер од Македонија на листата на најбогатите во регионов

Редакција