еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ, порача Мицкоски

Откако Македонија беше коспонзор на Резолуцијата на САД за Украина во Обединетите Нации (ОН), а не на таа зад која застана Европската Унија (ЕУ), имаше реакции во јавноста дали земјава е целосно усогласена со Унијата.

На Генералното Собрание во ОН помина Резолуцијата зад која застана ЕУ, а на Советот на ОН, таа на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека никој не треба да има дилема во усогласеноста на Македонија со надворешната и одбранбена политика на ЕУ.

Тој порача дека Македонија секогаш ќе биде усогласена со ЕУ, а земјата дала подршка на САД, бидејќи е наш стратешки партнер.

-Ние застанавме со нашиот стратешки партнер, тоа се САД, а тоа не беше Резолуција на ЕУ, бидејќи исто така коспонзор на Резолуцијата на САД е земја – членка на ЕУ, а тоа е Унгарија, така што не може да стане збор за усогласена надворешна политика на ЕУ, рече тој, подвлекувајќи дека нашата надворешна и одбранбена политика е усогласена со таа на ЕУ.

-Ние застанавме позади Резолуцијата и бевме коспонзори на Резолуцијата на САД која што е единствената усвоена Резолуција од страна на Советот за безбедност, а тоа значи дека е апликативна, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) ОН ја прифати Резолуцијата на ЕУ за Украина, не на САД, за која Македонија беше коспонзор

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна

Редакција

„Треба бојкот и на кафичи„: Лавина од реакции на социјалните мрежи за бојкот на маркетите

Редакција

Тринаесетмесечното бебе од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба, нема регистрирано нов случај

Редакција