Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување девет повредени од пожарот во Кочани од установите во Скопје, а од странство се враќаат осум.
Во моментот вкупно 24 повредени се лекуваат во установите во Скопје, од кои седум во клинички центар, шест во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, осум, во ГОБ „8 Септември“ и во приватните болници се тројца повредени.
Од нив, денеска девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Исто така, од странство денеска се враќаат осум пациенти, по двајца од Австрија, Белгија, Турција и Хрватска.
-Имаме најави и за враќање на други пациенти, важно е дека сите се во стабилна и добра состојба, освен четворица, кои се критични, но се подобри во однос на вчерашниот ден, информираше министерот.
Во моментот, во странски медицински центри се лекуваат 108 повредени, а во текот на вчерашниот ден се вратиле пет повредени.
-Се повеќе добиваме податоци за пациенти, кои се екстубирани, кои се префрлени на одделение или за кои се планираат операции од пластични хирурзи и се надеваме дека во наредните денови се повеќе пациенти ќе се враќаат во земјава, посочи министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице
Херојот Јован Костадинов доби стипендија од Алкалоид
Фото: МЗ