Денеска за гасење на пожарите кои беснеат во Македонија пристигнува помош од Србија, Словенија и Црна Гора.
Србија ќе прати противпожарен хеликоптер Камов К-32 со капацитет од пет тони вода, со седум припадници на Министерството за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации.
Полицајците од Србија ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип, а помошта доаѓа по барање на македонската Влада.
Од Словенија ќе пристигнат два хелихоптери и еден од Црна Гора, исто така по барање на Македонија.
Вчера во земјава пристигнаа еден хелихоптер и два „ертрактори“ од Труција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот во неготинско го затвори патот Неготино – Штип
Пристигна помош од Турција во гаснењето на пожарите
Во гаснењето на пожарите, Владата побарала помош и од Србија, Црна Гора и Словенија
Фото: АРМ