еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска протест поради несреќата во која загина 22-годишната Фросина Кулакова

Граѓаните преку социјалните мрежи денеска организираат протест во Скопје поради несреќата во која 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби својот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова

Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино

Протестот е закажан за 13 часот кај пешачкиот премин кај пекарата „Силбо“, каде згасна нејзиниот живот откако беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој бил пијан, поминал на црвено и немал возачка дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан поминал на црвено и удрил во Фросина Кулакова: Обвинителство со детали за сообраќајката во која загина 22-годишната девојка

Граѓаните се повикуваат да го блокираат булеварот „Партизански одреди“, за да надлежните ги „отворат очите„ поради бројните несреќи во кои пешачи во Скопје го изгубија животот изминативе години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор

Големо незадоволство граѓаните на социјалните мрежи изразуваат и за судијата кој му го укинал притворот на Јованов, кога претходно го осудил за поседување на дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

22-годишна девојка почина откако е удрена од автомобил на „Партизански одреди“

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата дама се огласи со апел за лажниот профил: За побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања

Редакција

O2 Иницијатива од Град Скопје бара серија на одлуки кои ќе ги вклучат сите извори на аерозагадувањето

Редакција

Врнежите од снег од попладне ќе засилуваат: Во Маврово снежната покривка 73 сантиметри, на Попова Шапка 40

Редакција