еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег во Маврово

Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -2 степени и во Тетово со измерени -1 степен.

Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри и на Попова Шапка каде се измерени 28 сантиметри.

Најтопло утрово било во Гевгелија со измерени 6 степени и во Демир Капија каде температирата на воздухот изнесувала 9 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче им го честиташе Денот на трудот на здравствените работници: Неуморно работат во зачувување на јавното здравје

Редакција

Неколку причини зошто да консумираме грчки јогурт

Редакција

Бебето заразено со морбили пуштено дома, Комисијата за заразни болести со сет мерки за превенција

Редакција