еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Ден на срам во Советот на Европа, за првпат е препорачано членство на нешто што не е држава„: Реакции во Србија

Жестоки реакции пристигнуваат од Србија по вчерашната препорака за Косово да стане членка на Советот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, „за“ гласаа и пратеници од Македонија

За српскиот министер за надворешни работи и прв потпретседател на српската Влада, Ивица Дачиќ вчерашниот ден е срам за Советот на Европа.

„Денес е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За првпат во историјата е препорачано членство на нешто што не е држава, кое притоа не ги исполнува основните услови во областа на човековите права и слободи.

Напротив, веќе 11 години одбива да ја формира Заедницата на српски општини, што е нивна меѓународна обврска, спроведува политика на терор над српскиот народ и етничко чистење“, изјави тој.

Со оваа одлука, според Дачиќ, наметната на сила од меѓународните моќници, се поткопани темелите на самиот Совет на Европа и меѓународниот правен поредок.

„За каков принцип на заштитата на територијалниот интегритет понатаму ќе се зборува, кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија?“, вели тој и порача дека Србија ќе ја продолжи својата борба со сите сили, ќе се бори таа одлука да не биде усвоена на Комитетот на министри на 16. мај.

„А ќе видиме колку вреди зборот на меѓународната заедница кој му беше даден на претседателот Александар Вучиќ дека Косово нема да биде примено во Советот на Европа додека не ја формира Заедницата на српски општини, или тоа повторно ќе биде лага“, изјави Дачиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Редакција

Потрага по „британскиот сој” на корона вирусот во Македонија

Редакција

(Фото) „Нина девојчето со крофните“: Македонскиот дизајнер Кардула направи постер со српската хероина

Редакција