еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Десет повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека бројот на хоспитализирани пациенти од пожарот во Кочани моментално е 162, а 10 од пациентите кои лежат во државата, денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување.

“Вчера имаше тројца пациенти кои ги испишавме, така што моментално во Клинички центар се хоспитализирани 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ се 12 пациенти, во Стара градска болница 11 пациенти и во Клиничка болница Штип 1 пациент, а во приватните болници има 9 пациенти“, рече тој.

На лекување надвор од Македонија се 115 пациенти.

Во Србија се 30 пациенти од кои двајца се екстубирани, во Бугарија 15 пациенти, од кои што тројца веќе се екстубирани, сите се во стабилна состојба, а некои се покритични, во Грција 12 пациенти од кои двајца критични, во Турција веќе 6 од пациентите се екстубирани, во Шпанија се 7 пациенти, во Австрија 5 пациенти и двајца од тие пациенти се префрлени на оддел.

Во Унгарија се хоспитализирани 6 пациенти, од кои веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, а другите се во стабилна состојба, во Хрватска се 5 пациенти, еден е интубиран стабилен, а другите 4 се сосема стабилни.

Во Словенија се 4 пациенти од кои 3 се во посериозна состојба, во Литванија 4 пациенти од кои едниот е веќе екстубиран, Белгија 4 пациенти во стабилна состојба, Италија 4 пациенти, кои се веќе на нога и можеби идната недела ќе зборуваме за протоколи за враќање на овие пациенти.

Во Шведска се 4 пациенти од кои 2 во сосема стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот е интубиран.

Воедно, тој информираше дека се завршени упатувањата на повредени пациенти во странство.

“Веќе од овој состанок зборувавме за враќање на пациенти, од одредени држави има најави за враќање, ќе подготвиме протоколи и ќе бидат тука прегледувани пациентите, по што тие што се во добра состојба може да се пуштаат дома.

Следниот предизвик со кој ќе се соочуваме се инфекциите, ќе бидеме максимално внимателни да превенираме се што можеме за да нема компликации,” рече министерот.

Во однос на трошоците за лекување, министерот истакна дека лекувањето е бесплатно и нема потреба да се собираат средства. Од страна на Владата е обезбедено за двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се сместат во сите држави каде што има хоспитализирани пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Згрижени се 180 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во странство

За семејствата на повредените од пожарот во Кочани, собрани повеќе од 700.000 евра преку сметката на Црвен Крст

Отворена платформа за директна донација за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Сите светла“, дует на Лара Иванова со Јосиф Ристовски

Редакција

„Водовод и канализација“ вработува, плата до 29.400 денари

Редакција

Од ЕУ не изолираа како глувци, среќни ли се конечно тие што не ги почтуваат мерките и тие што не веруваат во Ковид-19?

Редакција