еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија детали за вчерашна акција со која се опфатени увозници на мазут, со сомнително потекло и квалитет, при која беа приведени и бизнисмените Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата “РКМ“ и Асмир Јаоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“, а со истата е опфатен и поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која беа приведени Капушевски и Јаоски

Приведени бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јаоски

Од таму велат дека во кординирана акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, а во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

-Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно е со мерка притвор.

До сега, од извршените претреси пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефонски апарати, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.

Од страна на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против 13 физички и едно правно лице и тоа: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за отровниот мазут

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.715: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција

Партијата ДОМ ќе го одржи петтиот конгрес, се очекува реизбор на Морачанин

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Руд-коп“ вреден 479,6 илјади евра

Редакција