еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Деца од SmartyKids Аеродром – Скопје се враќаат како шампиони од Меѓународна Олимпијада во Белгија

Ученици од едукативниот центар SmartyKids Аеродром – Скопје постигнаа извонреден успех на Меѓународната олимпијада по ментална аритметика, што се одржа на 14. април во Бриж, Белгија, со учество на над 150 деца од 19 различни земји од светот, во присуство на амбасадори и делегати од земјите учеснички.

На настанот учествуваа деца од: Австрија, Обединетото Кралство, Азербејџан, Белгија, САД, Франција, Полска, Казахстан, Бугарија, Русија, Грузија, Македонија, Саудиска Арабија, Египет, Латвија, Романија, Холандија, Пакистан и Данска.

Македонскиот тим, составен од млади и талентирани ученици, освои врвни признанија, со што уште еднаш го потврди високото ниво на едукација и подготовка што го нуди брендот SmartyKids во земјата.

Со титули шампиони се здобија Иво Поповски, Дамјан Серафимов, Матео Величковски, прво место во својата категорија освои Сара Мирчевска.

Учесниците имаа за цел да решат 260 задачи за 9 минути, а нашите македонски натпреварувачи успеаа да ги совладаат задачите со неверојатна брзина, концентрација и аналитичко размислување, покажувајќи светско ниво на подготвеност и интелектуален капацитет.

Овој успех не би бил можен без несебичната посветеност на наставничката Маријана Маленко, чие знаење и менторство беа клучни за постигнувањето на овие резултати.

Ова не е само натпревар. Ова е доказ дека кога децата се поддржани со љубов, знаење и верба – нивните можности се безгранични!

За SmartyKids

SmartyKids Аеродром – Скопје е дел од меѓународната мрежа на детски едукативни центри SmartyKids, во кои се обучуваат над 25.000 деца во повеќе од 11 земји низ Европа и светот.

Овој образовен бренд е познат по своите иновативни програми по ментална аритметика. SmartyKids е платформа што не само што ги едуцира децата, туку и ги охрабрува да веруваат во себе, да размислуваат креативно и да постигнуваат извонредни резултати.

Менталната аритметика – инвестиција во иднината

Овој метод не е само учење бројки – тоа е алатка за развој на меморијата, логиката, концентрацијата, креативноста и самодовербата. SmartyKids центрите, вклучувајќи го и тој во Аеродром – Скопје, се посветени на тоа секое дете да го достигне својот полн потенцијал.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина во сообраќајка во близина на Битола

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на струја вреден 390.000 евра

Редакција

Вечерва спектакал од „паѓачки ѕвезди: Организирано групно гледање на метеорскиот дожд „Персеиди“

Редакција