еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Донациите се во тек: Собрани половина од средствата потребни за лекување на Леонид во Австрија

Семејството на Леонид Индов информира дека собрани се средства за лекување за три месеци во Австрија од потребните шест.

„Поради сериозноста на повредите тој беше згрижен во една од приватните болници во Скопје за што дополнително се собираа средства за секој ден лежење и соодветни терапии и плус за лечење во Австрија.

Собрани се за два месеца што лежеше, кое чинеше 1.000 евра од ден и плус за 3 месеци во Австрија кое чини 200.000 евра А да не зборуваме за примарни трошкови сега и за транспорти, сето тоа е плус.

Со помош на неговите другарчиња кои одеа во училиште после училиште кај Леонче да му пренесат се што учеле, а потоа трчаа барајќи донации, со помош на сите пријатели и роднини, медиуми, уметници давајќи се безрезервно благословени да сте.Семејството е исцрпено физички, психички, духовно и ни треба вашата помош за молитви, енергија и да ги собереме средствата кои се уште недостасуваат.

Поради две паралелни тешки повреди дишење со трахеостома и парализа на телото чинеше многу но и напредуваше многу, благодарност до тимот кој успеа да направат чуда.

Доколку некој може нека донира, благодарност однапрeд, а ако некој не може нека сподели и тоа е нешто за нас. Капка по капка да го вратиме Леонче, кој остави место во макeдонското општество,“ се вели во обраќањето на семејството на Леонид.

Сметките за донација се во рамките на апелот:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две дози од вакцините штитат од делта сојот, велат од Европската агенција за лекови

Редакција

64-годишна жена ѝ дала на измамничка 21.900 евра и 17.900 австралиски долари за да ѝ ги смени, бидејќи банкнотите немало да важат

Редакција

Кластерот „Куќна слава Ресен“ се шири

Редакција